Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Кошаркарската федерација на Македонија и Комерцијална банка ја продолжуваат соработката

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарска федерација на Македонија упатува искрена благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за одлуката да ја продолжи соработката и поддршката на машката сениорска А репрезентација на Македонија.

Продолжувањето на ова партнерство претставува силна потврда за довербата што Комерцијална банка ја има во македонската кошарка и во националниот тим, кој со гордост ја претставува државата на меѓународната сцена.

Поддршката на најдобрата репрезентација има клучно значење за реализација на спортските цели и за обезбедување оптимални услови за подготовка и настап на репрезентативците.

Во име на Кошаркарската федерација, стручниот штаб и сите репрезентативци, упатуваме благодарност до раководството на Комерцијална банка за препознавањето на важноста од континуирана поддршка на националниот тим.

Веруваме дека и во периодот што следува, заеднички ќе продолжиме да придонесуваме за развојот на македонската кошарка и да работиме кон нови успеси кои ќе донесат радост и гордост за сите љубители на спортот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Голем подвиг на Изабела Зајков: Од златен медал до бронза во сениорска конкуренција на Осло Опен 2026 во Норвешка

Иако не успеа да избори место во големото финале, младата македонска БЏЏ натпреварувачка Изабела Зајков уште еднаш покажа дека е меѓу најголемите спортски...

Турнири

ФОТО: Студио 13 со „лото“ триумф, сигурни победи а Аце Најдески и Солар Буилд на „Ресен 2026“

Вечерва беа одиграни три натпревари од втората натпреварувачка вечер на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2025“. Воведниот меч донесе висока победа од...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија избори пласман во Втората Светска група на Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација обезбеди промоција во Втората Светска група откако денеска во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Македонија без загубен сет го победи Исланд со 3:0

Македонската одбојкарска репрезентација го победи Исланд со 3:0 на турнирот во Атина,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија сигурна против Косово, Ивановски и Приходко ја донесоа првата победа на Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација ја забележа првата победа на турнирот од Третата Европска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!