Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Стојкоска: Имаме простор за напредок и сакаме да прикажеме подобро издание во Аликанте

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

По настапот на првиот турнир од Европската лига 2026 во Порто, македонската женска одбојкарска репрезентација од вчера се наоѓа во Аликанте, Шпанија, каде што викендов ги очекуваат нови предизвици во рамки на вториот турнир од натпреварувањето.

Избраничките на селекторот  Гавриловиќ  веќе започнаа со адаптација на новите услови и ја одработија првата тренинг-сесија во салата во која ќе ги играат натпреварите против домашната селекција на Шпанија и репрезентацијата на Азербејџан.

Стручниот штаб во изминатите денови детално ги анализираше настапите од турнирот во Португалија, со цел да се коригираат забележаните недостатоци и тимот тактички да биде подготвен за претстојните дуели. Во македонскиот табор владее оптимизам дека добрата работа на тренинзите ќе биде преточена во позитивни резултати на теренот.

Македонија првиот натпревар во Аликанте го игра против Шпанија, а потоа ќе се соочи и со селекцијата на Азербејџан.

„По првите два натпревари во Порто останува впечаток дека имавме добри моменти во играта, но и периоди во кои не бевме на посакуваното ниво. Покажавме дека можеме да бидеме конкурентни, меѓутоа направивме и грешки кои на ова ниво се казнуваат. Свесни сме дека има многу простор за напредок и токму на тие сегменти сме фокусирани периодов. Атмосферата во тимот е добра, сите сме мотивирани и со позитивна енергија го очекуваме турнирот во Аликанте, каде што сакаме да се покажеме во подобро издание“, изјави средниот блокер Ива Стојкоска.

Македонија против домаќинот Шпанија го отвора вториот турнир, со мечот закажан за во петок, од 19:30 часот, во Аликанте. А во сабота од 18:30 часот нашите одбојкарки играат против репрезентацијата на Азербејџан.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!