Останати репрезентацииРепрезентација

Приходко го предаде мечот, двојките ќе го решаваат победникот против Молдавија на Дејвис купот

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонската тениска репрезентација и Молдавија се израмнети на 1-1 по сингл мечевите, па победникот во дуелот од првото коло на Третата Европска група од Дејвис купот ќе биде решен во натпреварот во двојки.

Во вториот сингл меч, Олег Приходко беше принуден да му го предаде натпреварот на Раду Албот поради грчеви. Македонскиот тенисер одигра одличен меч, но не успеа да го приведе до крај. Средбата беше прекината во третиот сет при резултат 1-1 во сетови и 2:0 во гемови за Албот.

Приходко одлично го отвори мечот и во првиот сет имаше водство од 4:1 и 5:2 во гемови. Иако Албот успеа да се врати и да избори тај-брејк, притоа пропуштајќи три сет-топки, македонскиот тенисер остана смирен и со 10:8 го доби тај-брејкот, а со тоа и првиот сет.

Добрата игра ја продолжи и во вториот сет, каде што направи брејк за водство од 3:1. Сепак, по петтиот гем Приходко побара медицински тајм-аут поради проблеми со грчеви. Тоа се одрази на неговата игра, што Албот знаеше да го искористи и постепено ја презеде контролата. Откако израмни на 5:5, тенисерот на Молдавија освои четири последователни гема и го израмни резултатот во сетови.

Во мечот во двојки за Македонија настапуваат Калин Ивановски и Олег Приходко, додека за Молдавија играат Раду Албот и Иља Снитари.

Претходно, Калин Ивановски и донесе водство на Македонија со победата над Снитари од 2-1 во сетови (4:6, 6:3, 6:1).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!