Ракомет

Охрид повторно ќе биде ракометна престолнина: Доаѓаат европски гиганти

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид и ова лето ќе биде центарот на ракометните случувања во регионот, откако од 18 до 22 август ќе се одржи јубилејното петто издание на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“.

Турнирот, кој во изминатите години прерасна во еден од најпрестижните подготвителни настани во овој дел од Европа, повторно ќе донесе врвни клубови и големи ракометни имиња на брегот на Охридското Езеро.

На годинашното издание ќе настапат осум екипи поделени во две групи. Во групата А ќе играат домаќинот ГРК Охрид, хрватскиот шампион Загреб, египетскиот великан Замалек и српска Војводина. Во групата Б се наоѓаат Вардар 1961, хрватски Нексе, грчки Олимпијакос и словенечки Тримо Требње.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Учесниците зад себе имаат настапи во европските купови и бројни национални титули, што гарантира квалитетни натпревари и силна конкуренција уште во пресрет на новата сезона.

Во текот на петте турнирски дена љубителите на ракометот ќе имаат можност да проследат голем број атрактивни пресметки меѓу екипи кои традиционално се дел од европската ракометна сцена. Дополнителна тежина на турнирот му дава и фактот што за многу клубови ова ќе биде последна и најсилна проверка пред стартот на сезонските предизвици.

Со присуството на еминентни клубови од Македонија, Хрватска, Србија, Грција, Словенија и Египет, Охрид уште еднаш ќе потврди дека заслужено го носи епитетот еден од најважните ракометни центри во регионот. Очекувањата се и ова издание на турнирот „Крсте Андоновски“ да понуди спектакуларни натпревари, исполнети трибини и вистинска празнична атмосфера за сите љубители на спортот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Како изгледа табелата во Трета лига регион 3 по исфрлањето на Тиверија од натпреварување

Исфрлањето на Тиверија од натпреварување во Трета лига регион 3 поради два неоправдано неодиграни натпревари направи промени на табелата. Екипите кои освојуваа бодови...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Тиверија од Струмица исфрлена од Третата лига регион 3, секое коло ќе има слободна екипа

Фудбалскиот клуб Тиверија од Струмица е исфрлен од натпреварувањето во Третата македонска лига – Регион 3, откако по првите пет кола од сезоната...

Поврзани написи
Ракомет

Бојаниќ: Во Куманово не одиме да се предадеме, туку да се бориме и да го дадеме максимумот!

Екипата на Младост во рамките на седмата рунда на Суперлигата ќе гостува...

Ракомет

Лукиќ: Младост знае да се носи со притисокот, очекувам борба до последна секунда во Куманово

Натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 е минато, Младост се фокусира на следниот...

Ракомет

Бутел Скопје го почнува европскиот предизвик на гостински терен кај Горица

Европските обврски продолжуваат за Бутел Скопје, кој го очекува двомеч за пласман...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!