Младиот фудбалер Никола Најдовски во новата сезона ќе има нова средина, откако 22-годишниот фудбалер потврди дека се разделува со прволигашот Тиквеш.
Најдовски вели дека во овие 17 месеци бил максимално ангажиран, посветен и фокусиран за доброто на клубот.
„Горд сум што го носев дресот на Тиквеш во изминатиот период. Во текот на овие 17 месеци бев максимално ангажиран, посветен и фокусиран за доброто на клубот, секогаш давајќи го својот максимум на теренот и надвор од него. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, тренери, луѓето од клубот и навивачите за моментите што ги споделивме заедно. На Тиквеш му посакувам многу успех во иднина“, вели Најдовски.
Во неговата кариера покрај за Тиквеш настапуваше и за Кожуф, Вардар Неготино, АП Брера Струмица и Борец од Велес.