Прва лигаФудбал

Вардар и „Новоматик Македонија“ ја продолжија соработка – нов договор вреден еден милион евра

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Актуелниот шампион на Македонија, Вардар, ќе продолжи да ја има поддршката од својот генерален спонзор „Новоматик Македонија“, откако двете страни постигнаа договор за продолжување на соработката и во наредната натпреварувачка сезона.

Со новиот договор, „црвено-црните“ ќе добијат годишна финансиска поддршка во висина од еден милион евра, што претставува значаен поттик за клубот во пресрет на новите предизвици на домашната и меѓународната сцена.

Продолжувањето на партнерството беше официјализирано на прес-конференција на која присуствуваа претставници на менаџментот на „Новоматик Македонија“, капитенот на Вардар Горан Закариќ, новиот тренер Кристијан Фабијани, како и членови на клубот и компанијата.

„Во Новоматик Македонија во чија групација се светски реномираните брендови Адмирал, Астра и Казино Фламинго, сме многу горди што ги подржавме амбициите на најтрофејниот македонски клуб кога беше најтешко и кога ФК Вардар требаше да се подигнува од амбисот. уште повеќе што нашата повеќегодишна соработкаја крунисавме со нова титула на ФК Вардар. Денес, заедно со капитенот, Горан Закариќ, објавуваме дека светскиот шампионски бренд во игрите на среќа ја продолжува поддршката на македонскиот фудбалски шампион Вардар! Патот до спортскиот успех на ФК Вардар беше тежок, но ние никогаш не престанавме да веруваме. Како што сега веруваме дека следуваат уште многу блескави спортски успеси”, изјави на прес конференцијата по повод продолжувањето на договорот, Петар Пенчев претставник на менаџментот на Новоматик Македонија.

Од компанијата потенцираат дека одлуката за продолжување на соработката е донесена бидејќи Вардар не е само фудбалски клуб, туку и еден од најпрепознатливите спортски симболи во државата, со значајна улога во промоцијата на македонскиот спорт надвор од границите на земјата.

За Вардар ова е уште една важна вест по шампионската сезона во која клубот повторно се искачи на врвот на македонскиот фудбал и обезбеди настап во квалификациите за Лигата на шампионите.



„Новоматик Македонија“ во последните години е еден од најголемите поддржувачи на македонскиот спорт. Компанијата во 2025 година стана и спонзор на Фудбалската федерација на Македонија, а во македонскиот фудбал во период од три години инвестира повеќе од 3,5 милиони евра. Покрај Вардар, компанијата е спонзор и на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје, како и на фудбалскиот клуб Кожуф.

Продолжувањето на ова партнерство претставува силна потврда за стабилноста и амбициите на Вардар, кој со поддршка од својот генерален спонзор ќе се обиде да ја одбрани шампионската титула и достојно да ја претставува Македонија на европската сцена.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Искусниот Љупче Трпески се раздели Шкендија Арачиново: Нов предизвик во кариерата за охриѓанецот

Искусниот Љупче Трпески и новиот прволигаш Шкендија Арачиново се разделија, со што фудбалерот од Охрид ќе има нов предизвик во кариерата. Трпески е...

Останато

Ивана Пејовска ја претставуваше Македонија на Тренерската конвенција на ЦЕВ во Португалија

Младата македонска тренерка Ивана Пејовска, која е дел од Академијата „Газели Волеј“, беше македонски претставник на „Тренерската конвенција 2026“, организирана од Европската одбојкарска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Искусниот Љупче Трпески се раздели Шкендија Арачиново: Нов предизвик во кариерата за охриѓанецот

Искусниот Љупче Трпески и новиот прволигаш Шкендија Арачиново се разделија, со што...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново ја продолжи соработката со Џихан Адили

Џихан Адили и во наредната сезона ќе го носи дресот на Шкендија...

Прва лигаФудбал

Положани се врати дома: Шкендија му ја довери клупата на поранешниот капитен

Актуелниот македонски шампион Шкендија официјално го промовираше Артим Положани за нов шеф...

Прва лигаФудбал

Амир Нухија е нов фудбалер на Струга Трим Лум

Младиот фудбалер на Шкендија Арачиново, Амир Нухија, кариерата ќе ја продолжи во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!