Најтрофејниот македонскиот фудбалски клуб Вардар денес ги започна подготовките за новата сезона 2026/2027, а пред македонскиот шампион ќе бидат предизвиците од квалификациите за Лигата на шампионите.
Како што се вели во соопштението на клубот ростерот е комплетиран пред 20 дена, 38 фудбалери, од кои десет од младинската школа.
„Подготовките се договорени, платени и организирани уште од 5-ти мај. Базата е подготвена според назнаките на шефот на стручниот штаб. Нутриционистичкото мени е прецизирано. Буџетот е комплетиран“, велат од Вардар.
Подготовките ќе се реализираат во Норча, Италија, каде има современ спортски центар кој нуди идеални услови за тренинг и подготовки на екипите.
Денес ќе биде одработен првиот тренинг, а по три дена Вардар треба да „летне“ на Италија.
Инаку, денес Вардар ја продолжи соработката со генералниот спонзор Новоматик Македонија и за следната сезона, со што клубот добива голема финансиска поддршка од еден милион евра.