Втора лигаФудбал

Немили настани во Каменица: Фудбалерите на Скопје нападнати, само пет полицајци на стадионот!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Натпреварот меѓу Каменица Саса и Скопје од последното коло на есенската полусезона во Втората лига ќе добие „трето полувреме“. Ова се случи по инцидентот во 71. минута, кога на теренот влетаа неофицијални лица и ги нападнаа фудбалерите на Скопје.

Голманот на Скопје, Гоце Јовчев, кој доби црвен картон и го напушташе теренот беше нападнат од неофицијални лица. Потоа, физички биле нападнати и останатите фудбалери на гостинската екипа, по што тимот на Скопје се повлече во соблекувалните, а натпреварот беше прекинат при резултат 1:1.

Притоа, на стадионот имало само пет полицајци, а иако било побарано дополнително полициско засилување, по чекањето од 30 минути не пристигнало, што довело до невозможност за продолжување на мечот.

„Натпреварот е прекинат во 71. минута поради влегување на неофицијални лица во теренот за игра каде што беа нападнати играчи на гостинската екипа. Од страна на делегатот беше побарано појачување од МВР и дополнителни полициски службеници поради обезбедување на услови за продолжување на натпреварот. На натпреватот беа присутни само 5 полицајци. По чекање од 30 минути не стигна побараното појачување, а натпреварот не продолжи поради немање безбедносни услови. За инцидентот земени се соодветни изјави од МВР. следуваат дополнителни изјави од судиите,“ се вели во примедбите на делегатот на официјалниот записник од мечот.

Натпреварот се играше без присуство на гледачи, но повеќе од јасно е дека Каменица Саса ќе се соочи со сериозни санкции поради големите организациски пропусти кои доведоа до инцидентот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во понеделник, на 19 октомври. Промената на терминот доаѓа поради настапот на...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми го решија гостувањето кај Прилеп, славејќи со убедливи 39-23, со што...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Хет-трик на Иван Ивановски за убедлива победа на Пелистер над Осогово!

Пелистер се врати на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола и пред домашната...

Втора лигаФудбал

Тетекс, Охрид и Работнички до победи, Еуромилк и Новаци ремизираа

Во осмото коло од ВМФЛ,  Тетекс, Охрид и Работнички забележаа победи  додека...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново бара истрага: Демири тврди дека судијата Илиоски го навредил!

ФК Шкендија Арачиново бара од Фудбалската федерација на Македонија да го испита...

Прва лигаФудбал

ФФМ: ВАР правилно интервенираше, ќе има дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново!

Фудбалската федерација на Македонија се огласи по спорната ситуација на натпреварот од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!