Останато

(ФОТО) Одличен настап на БК Бучим Радовиш во Косово: Злато за Изабела Зајков, бронза за Анабела Поцева

Сподели
Сподели



Борачките на БК Бучим Радовиш забележаа успешен настап на меѓународниот турнир „Heroina e Kosoves“, кој денес се одржа во Качаник, Косово, освојувајќи два медали и уште една значајна пласманска позиција.

Најголемиот успех го оствари Изабела Зајков, која во категоријата до 65 килограми го освои првото место и се закити со златен медал, потврдувајќи го својот квалитет на силна меѓународна конкуренција.

До место на победничкиот пиедестал стигна и Анабела Поцева, која во категоријата до 35 килограми го освои третото место и бронзениот медал.

Солиден настап имаше и Андреа Јованова, која го забележа своето прво учество на еден меѓународен турнир. Во категоријата до 35 килограми таа го освои петтото место и стекна драгоцено искуство за својот понатамошен развој.

Борачките на радовишкиот клуб во Качаник беа предводени од тренерите Наум Трајанов и Магомед Ибрагимов, кои уште еднаш покажаа дека во БК Бучим Радовиш се работи посветено и професионално со младите спортисти.

Успешниот настап во Косово е уште една потврда за квалитетната работа во радовишкиот клуб, кој продолжува да создава нови таленти и да носи одлични резултати на домашната и меѓународната боречка сцена.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!