Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе хрватски бисер: Диего Басанесе потпиша четиригодишен договор со битолчани!

Сподели
Сподели



Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер продолжува да инвестира во младите таленти, а најново засилување на битолскиот клуб е перспективниот хрватски ракометар Диего Басанесе.

Станува збор за 18-годишен десен бек, кој е член на кадетската и младинската репрезентација на Хрватска и важи за еден од најталентираните играчи од својата генерација. Басанесе во Битола пристигнува со одлични препораки од хрватската ракометна јавност, а со Еурофарм Пелистер потпиша четиригодишен договор.

Младиот Хрват пред трансферот во Македонија успешно настапуваше за екипата на Умаг, каде ги покажа своите квалитети и го привлече вниманието на повеќе клубови. Дополнителна потврда за неговиот потенцијал е и настапот за кадетската репрезентација на Хрватска, со која освои медал на Медитеранските игри.

Во Еурофарм Пелистер веруваат дека Басанесе претставува инвестиција за иднината и дека во наредните години ќе биде значаен дел од проектот на клубот.

Хрватскиот интернационалец официјално ќе биде претставен на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27, кога ќе им се приклучи на своите нови соиграчи во Битола.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Љуботен пресилни, шампионот Скопје со минимална победа над Вардар

Тиверија Брера убедливо го декласираше Кочани на домашен терен со 8:1 во меч од 5. коло на Првата женска фудбалска лига. Теона Галабовска,...

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!