РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Андов: Со можеби еден од најмладите состави во Европа, овие девојки покажаа карактер, квалитет и огромно срце

Сподели
Сподели

Женската фудбалска репрезентација на Македонија забележа голема победа на гостувањето кај Андора, откако во рамки на квалификациите славеше со минимални 0:1. Херој на триумфот беше Павлинка Николовска, која во 86. минута со вистински проектил од слободен удар од околу 40 метри ја затресе противничката мрежа и донесе три вредни бодови за Македонија.

По натпреварот, селекторот на македонската репрезентација Александар Андов не го криеше задоволството од прикажаното на неговите избранички, потенцирајќи дека успехот добива уште поголема вредност ако се земе предвид младоста на составот.

„Голема победа за нашата женска репрезентација! Со можеби еден од најмладите состави во Европа, во кој настапуваат и девојки од само 16 години, а најголемиот дел од тимот е составен од фудбалерки на 19 години, овие млади спортски хероини покажаа карактер, квалитет и огромно срце. Андора е исклучително незгоден противник на домашен терен и докажа дека може да им создаде проблеми и на многу посилни репрезентации. Токму затоа оваа победа има уште поголема тежина и покажува дека оваа генерација има светла иднина. Горд сум на овие девојки, на стручниот штаб и на сите што работат за развојот на женскиот фудбал во Македонија. Голема благодарност и до Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ за поддршката и вербата во овој проект“, рече селекторот Александар Андов.

Македонија до победата стигна по голема борба и дисциплинирана игра, а токму погодокот на Николовска ќе остане запаметен како еден од најубавите во овој квалификациски циклус. Со овој триумф македонските фудбалерки уште еднаш покажаа дека поседуваат голем потенцијал и дека пред нив стои светла иднина.

Победата во Андора е дополнителна потврда дека проектот за подмладување на репрезентацијата носи резултати, а младите македонски фудбалерки од натпревар во натпревар покажуваат дека можат рамноправно да се носат со европските селекции и да бидат гордост на македонскиот спорт.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува нов предизвик во Супер лигата. Во рамките...

Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби официјална потврда – Раде Цицмиловиќ е нов тренер на Беласица! Искусниот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!