Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Терзиевска: Унгарија и Португалија се фаворити, но можеме да приредиме изненадување

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Женската сениорска репрезентација на Македонија веќе е во Порто, каде што утре и в недела ќе ги одигра првите два натпревари од воведниот турнир во Европската лига 2026. Од оваа сезона натпреварувањето добива дополнително значење, бидејќи резултатите ќе се вреднуваат и во рамки на квалификацискиот циклус за Европското првенство 2028.

Новиот селектор Милош Гавриловиќ ќе дебитира на официјален натпревар на клупата на Македонија утре од 18 часот, кога нашите одбојкарки ќе се соочат со селекцијата на Унгарија.

По долгото патување до Португалија, македонската репрезентација имаше мирно и релаксирано претпладне, а попладнево е предвиден официјалниот тренинг во салата каде што ќе се играат натпреварите.

Во таборот на Македонија владее одлична атмосфера, сите репрезентативки се подготвени и мотивирани за предизвиците што следуваат. Нашите одбојкарки со нетрпение го очекуваат стартот на својот трет настап во Европската лига, со желба за позитивен почеток и добри резултати на турнирот во Порто.

„Позитивно расположени влегуваме во ова издание на Европската лига. Свесни сме за квалитетот на противниците со кои ќе се соочиме не само на овој турнир, туку и на другите два. Истовремено веруваме и во себе. Имаме нов стручен штаб и подмладен тим, но напорно работевме на градење на еден нов систем, има убава хемија и енергија меѓу одбојкарките и сите сме нетрпеливи да докажеме зошто секоја од нас доби шанса да биде во составот. Ни недостасуваат дел од поискусните како Стојанова, Баталаковска… но ќе се обидеме ние кои имаме подолг репрезентативен стаж да им дадеме колку што можеме повеќе поддршка на помладите и ќе дадеме се од себе да изненадиме. Унгарија и Португалија се поквалитетни од нас и искрено мислам дека ќе не потценат, а и од она што го имаме како информации и што ги анализиравме имаме и простор за изненадување, секако доколку играме паметно и дисциплинирано. Ќе имаме шанса да го гледаме и дуелот меѓу Унгарија и Португалија денеска и тоа ќе ни овозможи да добиеме уште подобра слика за противниците“ – смета Теа Терзиевска.

Македонските одбојкарки првпат во својата искорија ќе се соочат со Унгарија на едно натпреварување.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Ас Јунајтед го потврди учеството на Охрид Куп

На првото издание на Охрид Куп доаѓа екипата на Ас Јунајтед од Струга. Клуб посветен на развојот на талентирани играчи и постигнување на...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: „Бомбата“ на Павлинка Николовска за победа на Македонија за која ќе се зборува долго!

Македонија вечерва славеше со минимални 0:1 над Андора во гости, а херој на мечот беше Павлинка Николовска, откако постигна гол „бомба“ од 40-тина...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Павлинка Николовска носи победа за Македонија против Андроа

Македонската женска фудбалска репрезентација забележа победа од минимални 0:1 над репрезентацијата на...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Холандија во првиот меч од Европската лига

Најдобрите македонски одбојкари со пораз го отворија настапот во Европската лига 2026,...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Капитенот Ѓоргиев: Подготвени сме и фокусирани, Холандија е првиот голем тест

Денеска во 19 часот, во салата „Парк“ во Струмица, машката сениорска репрезентација...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!