Ракомет

Наум Бабачев ја презеде репрезентацијата во ракомет на плажа – познат списокот за Светската лига

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Македонската машка репрезентација во ракомет на плажа доби нов селектор пред претстојните меѓународни предизвици. Ракометната федерација на Македонија му ја довери селекторската функција на Наум Бабачев, кој веќе го одреди тимот за настап во Светската лига на ИХФ.

Нашата селекција во средината на јуни ќе настапи на турнирот во полскиот град Плоцк, каде ќе одигра четири натпревари против силни европски ривали. На списокот на Бабачев се најдоа десет ракометари, а дел од нив веќе имаат искуство во настапите на песок и во претходните репрезентативни акции.

Македонија ќе отпатува за Полска на 12 јуни, додека натпреварите се закажани за 13 и 14 јуни. Противници на нашиот национален тим ќе бидат селекциите на Чешка, Германија и домаќинот Полска.

На списокот на повикани ракометари се: Мартин Ивановски, Леонид Киселоски, Наум Костов, Христијан Крстаноски, Дејан Михајловиќ, Тодор Узунчев, Дамјан Субашевски, Дамјан Тутенкоски, Иван Младенов и Михаил Тотиќ.

Првиот собир на репрезентативците е закажан за 8 јуни од 13:00 часот, по што ќе следуваат завршните подготовки за настапот во Светската лига.

Македонскиот машки национален тим последен пат настапуваше на Европското првенство во 2019 година токму во Полска, а сега ќе се обиде повторно да се наметне на меѓународната сцена и успешно да го започне новиот циклус под водство на Бабачев.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити ги поделија бодовите за комплетирање на 1. коло на Првата футсал...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата македонска фудбалска лига. Средбата се отвара во сабота односно во термин...

Поврзани написи
Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

Ракомет

Еурофарм Пелистер немоќен во Германија: Гумерсбах го казни падот на битолчани

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да стигнат до позитивен резултат на...

Ракомет

Литвански арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Висла и Вардар!

Вардар го очекува нов европски предизвик на гостински терен, а за регуларноста...

Ракомет

Алкалоид ја пречекува Струга пред европската пресметка со Келаг Ферлах

Пред европскиот предизвик и двомечот со австрискиот Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!