Прва лига

Младите „лавици“ изборија елита: Ѓорче Петров 2 преку Пелистер до Супер лигата

Сподели
Сподели



Екипата на Ѓорче Петров 2 од следната сезона повторно ќе биде дел од женската Супер лига, откако во бараж натпреварот одигран во Радовиш убедливо славеше над Пелистер со 24:17 и го завери пласманот во елитното друштво.

Младите ракометарки од Скопје уште од самиот почеток покажаа дека се решени да ја остварат целта. По почетното водство од 0:3, тие постојано ја контролираа играта и резултатот, не дозволувајќи му на битолскиот состав да воспостави ритам.

Пелистер успеваше повремено да ја намали негативата, но расположениот напад на Ѓорче Петров 2 секогаш имаше подготвен одговор. Во финишот на првото полувреме скопјанки стигнаа и до седум гола предност, а на паузата заминаа со сигурни 15:9.

Во вториот дел битолчанки се обидоа да се вратат во натпреварот, но проблемите во реализацијата продолжија. Тоа умешно го казнуваше противникот, кој во повеќе наврати ја одржуваше високата предност и не дозволи неизвесна завршница.]

На пет минути пред крајот резултатот беше 23:15 за Ѓорче Петров 2, по што веќе беше јасно дека скопскиот тим е на чекор до Супер лигата, а Пелистер ќе мора да се пресели во Првата женска лига.

Најефикасни во победничкиот состав беа Сара Ристовска, Кристина Наумовска и Тара Аврамовска со по четири погодоци, додека голманките Сара Илиоска и Софи Гошевска заедно собраа девет успешни интервенции. Кај Пелистер најмногу се истакна Атанастасија Тодоровска со шест голови, додека Котевска додаде четири.

Со овој триумф, Ѓорче Петров 2 обезбеди место во Супер лигата за сезоната 2026/27 и ќе им се придружи на Ѓорче Петров, Чаир, Вардар, Куманово, Спартак, Астибо и Атлетик, кој претходно како шампион на Првата лига обезбеди директен пласман во елитата.

За младите „лавици“ ова е круна на успешната сезона, додека Пелистер по поразот во баражот ќе мора да бара нова шанса за враќање меѓу најдобрите од прволигашката конкуренција.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на...

Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!