РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Андов го објави списокот на фудбалерки за натпреварите против Андора и Азербејџан

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Избраничките на селекторот Александар Андов од денеска се во Охрид, каде што ќе ја темпираат формата за важните дуели против селекциите на Андора и Азербејџан. Стручниот штаб ќе има можност во наредниот период да работи на тактичката и физичката подготовка на репрезентативките пред квалификациските предизвици.

За натпреварите против Андора и Азербејџан, селекторот Андов ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНКИ

  1. Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје)
  2. Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера

ОДБРАНА

  1. Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера)
  2. Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија-Брера)
  3. Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера)
  4. Канита Емини (ЖФК Истатов)
  5. Настасија Накова (ЖФК Љуботен)
  6. Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица)
  7. Ана Марија Цветковска (WFC Langhus)
  8. Лора Сулејмани (RC Saint Denis – Франција

СРЕДЕН РЕД

  1. Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера)
  2. Калина Попески (ЖФК Црвена Звезда)
  3. Ева Величковска (ЖФК Љуботен)
  4. Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих)
  5. Михаела Додевска (ЖФК Скопје 2014)
  6. Андреа Коловска (ЖФК Истастов)

НАПАД

  1. Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед)
  2. Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен)
  3. Илза Максути (ЖФК Љуботен)

Првиот квалификациски натпревар македонските репрезентативки ќе го одиграат на 5 јуни против Андора во Ла Вела, со почеток во 19:30 часот. Четири дена подоцна, во последниот натпревар од овој квалификациски циклус, Македонија ќе биде домаќин на Азербејџан. Натпреварот ќе се одигра во Битола и ќе започне во 19:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!