Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров се засилува за новите предизвици: Пристигнаа Коларовска и Јовановиќ

Сподели
ФОТО: ЖРК Ѓорче Петров
Сподели



Македонскиот женски ракометен шампион Ѓорче Петров започна со екипирањето за новата натпреварувачка сезона, во која клубот повторно ќе има високи амбиции на домашната сцена, но и во европските натпреварувања.

Ново име во редовите на „лавиците“ е македонската репрезентативка Ана Марија Коларовска, која по настапите во хрватскиот Брод се враќа во македонскиот ракомет. 23-годишната ракометарка може да игра на сите три бековски позиции и ќе претставува значајно засилување за шампионскиот состав.

Коларовска во својата кариера настапуваше за Спартак, Вардар, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда, а периодот поминат во Хрватска беше нејзино прво интернационално искуство. Таа ги помина сите младински репрезентативни селекции на Македонија и денес е дел од сениорскиот национален тим.

Покрај македонската репрезентативка, Ѓорче Петров го договори и ангажманот на младата црногорска репрезентативка Аника Јовановиќ. Станува збор за ракометарка која настапува на позицијата десно крило и доаѓа од редовите на ракометниот гигант Будуќност.

Јовановиќ има 19 години и важи за една од најперспективните ракометарки во Црна Гора. Таа беше дел од кадетската репрезентација на својата земја, а моментално настапува за младинската национална селекција.



Со овие две засилувања, раководството на Ѓорче Петров јасно покажува дека и во новата сезона ќе атакува на највисоките дострели. По освоената двојна круна во Македонија, „лавиците“ ги очекуваат настапи во домашните натпреварувања, Регионалната лига и ЕХФ Европскиот Куп, па затоа навремено започнаа со засилување на играчкиот кадар.

Коларовска носи искуство и репрезентативен квалитет, додека Јовановиќ пристигнува како голем талент од школата на Будуќност, што е јасен показател дека шампионот сериозно ги гради темелите за уште една успешна сезона.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Ракомет

„Чкембари“ со јасна порака: Нема организирано да го бодрат Пелистер во Регионалната лига

Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има поинаква атмосфера на натпреварите од...

Ракомет

Блажески: „Ни следи тежок натпревар, треба добро да се подготвиме!”

Бранителот на трофејот на турнирот „Крсте Андоновски“, Охрид, со победа го започна...

Ракомет

Охрид со победа над „младиот“ Египет ја започна одбраната на трофејот на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид со победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски...

Ракомет

Вардар фуриозно до победа над Олимпијакос

Вардар со убедлива победа го започна настапот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!