Ракомет

„Сино-бела окупација“ на Бутел: Младост на чекор до Супер лигата, Југоистокот се сели во Скопје!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Денес е денот на одлуката за ракометниот клуб Младост од Богданци. По цела сезона исполнета со борба, посветеност и одлични резултати, тимот од Богданци вечерва ќе го одигра најважниот натпревар во последните години – баражот за пласман во Супер лигата против Струга.

Натпреварот ќе се игра во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел – Скопје, со почеток од 19:00 часот. Влогот е огромен – место во македонската ракометна елита за сезоната 2026/27.

Младост заслужено ја доби оваа можност откако одигра одлична сезона во Првата лига и ја заврши на второто место. Од другата страна ќе стои Струга, екипа која се обидува да го зачува својот суперлигашки статус по тешката сезона во најсилното домашно натпреварување. Стружани и минатата сезона преку бараж го обезбедија опстанокот, откако го добија Мулти Есенс во Прилеп, тим кој сега стана шампион во Прва лига и обезбеди директен влез во елитата.

Во Богданци и низ целиот Југоисточен регион владее вистинска спортска еуфорија. Навивачи од Богданци, Дојран, Валандово, Гевгелија, Стојаково и останатите места од регионот денес ќе бидат дел од големата поддршка за Младост во Скопје.

Се очекуваат исполнети трибини и силна поддршка од сино-белата армија, која во текот на целата сезона беше еден од најсилните адути на клубот. Денес поддршката од трибините може да биде пресудна во битката за остварување на големата цел.



Ракометарите на Младост низ целата сезона покажаа квалитет, карактер и шампионски дух. Сега пред нив е последниот предизвик – само 60 минути ги делат од враќање во Супер лигата и ново поглавје во клупската историја.

Денес во Бутел нема да игра само Младост. Денес ќе игра целиот Југоисток. Сите во сино-бело, сите со една желба и една цел – Супер лигата повторно да се врати во Богданци!



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими го шокира фаворитот Струга Трим Лум и освои големи три бода!

Башкими приреди големо изненадување, совладувајќи ја фаворизираната Струга Трим Лум со 2-1 на домашен терен во Куманово, во последниот натпревар од деветтото коло...

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!