Ракомет

Бутел утре ќе биде сино-бел: Младост на 60 минути од Супер лигата, Југоистокот се мобилизира за баражот!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Утре ракометниот клуб Младост 1977 од Богданци ќе го игра најважниот натпревар во сезоната. Тимот од Богданци во бараж дуелот за пласман во Супер лигата ќе се соочи со Струга, екипа која се бори за опстанок во македонската ракометна елита.

Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел – Скопје, со почеток од 19:00 часот, а влогот е огромен – место во Супер лигата за сезоната 2026/27.

Младост зад себе има одлична сезона во Првата лига, која ја заврши на второто место и заслужено доби шанса преку баражот да се избори за враќање меѓу најдобрите македонски ракометни клубови. Од другата страна ќе биде Струга, која сезоната ја заврши на претпоследната позиција во Супер лигата и ќе се обиде да го зачува елитниот статус.

Во Богданци владее вистинска ракометна еуфорија. Не само градот, туку целиот Југоисточен регион е обединет околу Младост. Поддршка за клубот пристигнува од Дојран, Валандово, Гевгелија, Стојаково и останатите места од регионот, а голем број навивачи со организиран превоз ќе заминат кон Скопје.

Се очекува вистинска „окупација“ на трибините во Бутел, каде сино-белата армија ќе биде дополнителен ветер во грб за своите миленици. Навивачите уште еднаш покажуваат дека стојат рамо до рамо со клубот во најважните моменти, а утрешниот натпревар е токму таков – меч на сезоната.

Младост во текот на целата сезона покажа карактер, квалитет и шампионски менталитет. Сега останува уште последниот чекор. Само 60 минути го делат тимот од Богданци од остварување на големата цел и враќање во Супер лигата.

Утре во Бутел нема да игра само Младост. Утре ќе игра целиот Југоисток. Сите во сино-бело, сите со една цел – Супер лигата повторно да се врати во Богданци!



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!