Втора женска фудбалска лигаФудбал

ФОТО: ЖФК Конзули го доби шампионскиот пехар – битолскиот тим нов прволигаш

Сподели
ФОТО: ЖФК Конзули
Сподели



Женскиот фудбалски клуб Конзули го доби шампионскиот пехар откако стана шампион во Втората женска фудбалска лига и обезбеди влез во елитата за следната сезона.

Битолскиот тим беше без конкуренција во сезона која не го дочека својот крај откако истата беше прекината по десет одиграни кола, а по откажувањето на Порече од Македонски Брод од натпреварување.

Фудбалерките на Конзули забележаа десет победи од толку натпревари и максимални 30 бодови завршија на првото место. Зад тимот од Битола е најефикасниот напад од постигнати 76 гола, а одбраната прими само два гола.

ФОТО: ЖФК Конзули

Зад Конзули на второто место заврши Билјанини Извори со 22 бодови, со што охридскиот тим кој е поранешен шампион на Македонија ќе игра бараж за Прва лига против Кочани, кој ќе се бори за опстанок во елитата.

По испаѓањето на Топ Гол од Прва во Втора лига, Битола и следната сезона ќе следи прволигашки фудбал бидејќи Конзули обезбеди место меѓу најдобрите.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!