ФудбалЧетврта лига

ОФЛ Струмица руши рекорди: Следната сезона со најголем број екипи, интересот за локалниот фудбал е огромен!

Сподели
Сподели



Општинската фудбалска лига во Струмица доживува вистинска преродба. По неколкугодишна пауза, фудбалот беше вратен на локално ниво, а веќе по првата сезона интересот за учество достигна рекордни размери.

Откако Спортска Мрежа објави дека клубовите треба до 1 јуни да го пријават своето учество за сезоната 2026/2027, голем број екипи навремено ја потврдија својата желба да бидат дел од натпреварувањето.

Тоа е најдобра потврда дека дебитантската сезона од обновената ОФЛ Струмица беше успешно организирана и реализирана на високо ниво, а интересот за локалниот фудбал одново се враќа во струмичкиот регион.

Во штотуку завршената сезона шампионската титула ја освои екипата на Огражден од Ново Село, која со одлични игри стигна до првото место и со тоа стекна право следната сезона да се натпреварува во Третата лига – Исток. Второто место му припадна на Интер Кукла од Куклиш.

Покрај нив, дел од лигата сезонава беа и екипите на Спартмани од Балдовци, Дрвош, Илинден од Добрејци, Слога од радовишкото Злеово, Единство од Пиперево и Напредок од Радово.

Но, она што особено радува е фактот што листата на заинтересирани клубови за новата сезона е значително поголема. Учество за сезоната 2026/2027 веќе пријавиле екипи од Босилово, Василево, Муртино, Бориево, Сушица, Иловица и Банско, што навестува дека ОФЛ Струмица следната сезона би можела да брои рекорден број на учесници.



Големиот интерес е показател дека Општинскиот фудбалски сојуз Струмица, предводен од претседателот Илија Илиев – Рома, успеа да ја оствари својата главна цел – повторно да го врати фудбал во локалните средини и да им овозможи на клубовите, фудбалерите и љубителите на спортот повторно да уживаат во фудбалот.

Со новите пријавени екипи и ентузијазмот што владее низ целиот струмички регион, ОФЛ Струмица веќе се наметнува како една од најинтересните и најмасовни општински лиги во Македонија, а следната сезона ветува уште поголема конкуренција, повеќе дерби натпревари и уште поголем интерес кај љубителите на фудбалот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!