Младински фудбалФудбал

ФК Азури меѓу најдобрите: Генерацијата 2017 го освои среброто на ФФМ Детската лига

Сподели
Сподели



Уште еден голем успех за ФК Азури и потврда дека во клубот се работи квалитетно, посветено и со јасна визија за развој на младите фудбалери. Генерацијата 2017 на радовишкиот клуб го освои второто место на завршниот турнир на ФФМ Детската лига, закитувајќи се со сребрен медал кој во клубот со право го нарекуваат „сребро со сјај на злато“.

Овој успех добива уште поголема тежина ако се знае дека Азури втора година по ред успева да обезбеди место на Ф4 турнирот на ФФМ. Тоа е доказ за континуитетот, квалитетната работа и посветеноста што секојдневно се вложува во развојот на младите таленти.

Во големото финале, радовишани се соочија со ФК Шкупи, кој овојпат се покажа како подобар ривал и стигна до шампионскиот трофеј. Сепак, младите фудбалери на Азури имаат многу причини за гордост, бидејќи со своите настапи уште еднаш покажаа дека заслужено припаѓаат во самиот врв на македонскиот детски фудбал.

Освоеното второ место е награда за целиот труд вложен во текот на сезоната, за секој тренинг, секој натпревар и секоја жртва направена на патот до државното финале. Воедно, тоа е и потврда дека клубот се движи во вистинска насока и продолжува да создава нови генерации талентирани фудбалери.

Посебен повод за радост во таборот на Азури е и индивидуалното признание кое пристигна на турнирот. Голманот на генерацијата 2017 беше прогласен за најдобар чувар на мрежата на завршниот турнир, признание кое претставува дополнителна потврда за квалитетот што го поседува оваа генерација.

Во ФК Азури со право можат да бидат горди на постигнатото. Сребрениот медал можеби не е златен, но за сите во клубот тој има посебен сјај – сјај на успех, напорна работа и голема фудбалска иднина.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!