ИнтервјуМагазинПрва женска фудбалска лигаФудбал

ИНТЕРВЈУ | Меланија Грозданова: Фокусот сега е на репрезентацијата, а европскиот сон допрва доаѓа

Сподели
Сподели



Иако има само 17 години, Меланија Грозданова веќе е едно од најпрепознатливите имиња во македонскиот женски фудбал. Репрезентативката на Македонија и фудбалерка на Љуботен зад себе има уште една успешна сезона во која постигна 17 погодоци во Првата македонска женска фудбалска лига и повторно го привлече вниманието на фудбалската јавност.

Грозданова веќе подолг период е препознаена како една од најголемите надежи на македонскиот женски фудбал. Во изминатите месеци нејзиното име беше поврзувано со интерес од повеќе европски клубови, а настапите за клубот и репрезентацијата дополнително го потврдија нејзиниот потенцијал.

Во разговор за Спортска Мрежа, младата фудбалерка зборуваше за сезоната зад неа, головите, плановите за иднината, своите почетоци, идолите и репрезентативните предизвици кои следуваат.

За сезоната зад неа:

„Сезоната за мене беше добра, имаше добри натпревари, за жал не успеавме со клубот да ја одбраниме титулата, сметам дека нивото на лигата е на повисоко ниво…“

ФОТО: Михаела Нешкоска

За головите и личниот учинок:

„Морам да признаам дека можам уште повеќе голови да постигнам од овие кои ги имам постигнато, но мојот приоритет не е да постигнам повеќе голови, сакам колективна игра и несебичност, во тоа сум сигурна дека имам голем придонес и во останатите голови кои ги постигнаа моите соиграчки, секако головите ми се драги и се чувствувам супер што сум во топ 5 стрелци…“

За иднината и интересот од Европа:

„Плановите за следната сезона сѐ уште е рано да ги кажам, мојот менаџер Дарко Мариќ од D.M. Management неуморно контактира со повеќе европски клубови, според неговите информации точно е дека има голем интерес за мене, но полнолетството е голема пречка за „прерана“ преселба во Европа… Но јас на 27.12.2026 веќе ќе станам полнолетна.“

ФОТО: Михаела Нешкоска

За љубовта кон фудбалот:

„Фудбалот за мене беше единствен спорт од најмала возраст, одлучна бев од мали години да станам фудбалерка, тоа беше мојата единствена желба и денеска уживам во улогата фудбалерка…“

За идолите и најдрагите моменти:

„Мојот идол е Кристијано Роналдо, тој е мојата инспирација и водилка на кој се огледувам ден денес, фудбалски клуб Реал Мадрид, имам повеќе драги победи со репрезентацијата… Погодоци истотака, но можам да го одвојам мојот прв погодок против Андора во квалификациите… Еден од најзначајните ми е израмнувачкиот погодок против Словенија со У19 за пласман во елитна фаза…“

За репрезентацијата:



„Мојот фокус по завршувањето на сезоната е репрезентативните квалификации кои следуваат, целта ни е подобар успех во квалификации… Да се претставиме во најдобро светло во дресот на Македонија.“

По завршувањето на клупските обврски, целосното внимание на една од најперспективните македонски фудбалерки е насочено кон настапите со националниот тим. Грозданова и нејзините соиграчки ќе се обидат да остварат подобри резултати во претстојните квалификации и достоинствено да ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена.

Со само 17 години, 17 првенствени погодоци, статус на стандардна репрезентативка и интерес од европски клубови како Јувентус и Атлетико Мадрид, Меланија Грозданова продолжува да го гради својот пат кон големата фудбалска сцена. Македонскиот женски фудбал во неа гледа лидер на новата генерација, а нејзините најдобри денови, без сомнение, допрва доаѓаат.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!