Младински фудбалФудбал

Детонит Плачковица ја гради иднината: Младите надежи стекнаа драгоцено искуство на завршницата од Детската лига на ФФМ

Сподели
Сподели



Уште една потврда дека Детонит Плачковица сериозно работи на развојот на младите фудбалери пристигна од завршницата на Детската лига на ФФМ, каде клубот беше претставен со две генерации – 2015 и 2016.

На терените на Фудбалската федерација на Македонија младите радовишани имаа можност да се натпреваруваат со најдобрите екипи во својата конкуренција и да стекнат искуство кое ќе биде од големо значење за нивниот понатамошен развој.

Генерацијата 2015 го заврши настапот во осминафиналето по пораз од ФК Милано со резултат 3-1, додека генерацијата 2016 беше на чекор до пласман понатаму, но по голема борба беше поразена по изведувањето на пенали од ФК Арсими.

Иако резултатски не успеаја да стигнат до следната фаза, овие настапи претставуваат голем успех и вредно искуство за младите фудбалери, кои уште од најрана возраст учат што значи натпреварување, спортски дух, дисциплина и тимска работа.

Во Радовиш со години се создава вистинско фудбалско семејство, а Детонит Плачковица денес важи за најголемата фудбалска база во градот. Во клубот работат лиценцирани и едуцирани тренери кои секојдневно вложуваат огромна енергија, знаење и љубов во развојот на младите таленти, водејќи сметка не само за нивниот фудбалски напредок, туку и за нивното правилно спортско воспитување.

Токму вакви настапи на државни завршници покажуваат дека во клубот се работи систематски и посветено, а младите генерации претставуваат најдобра гаранција за иднината на радовишкиот фудбал.

За овие деца ова е само почеток на нивниот спортски пат. Пред нив следуваат уште многу тренинзи, натпревари, предизвици и нови успеси, а искуството стекнато на завршницата од Детската лига сигурно ќе биде дополнителен мотив за уште поголема работа и напредок во годините што доаѓаат.

Следно Детонит Плачковица ќе учествува на турнир во Македонска Каменица, а најголемиот предизивк ќе биде учеството на големиот турнир Охрид Куп 2026 каде радовишани доаѓаат со силна конкуренција на првото издание од турнирот во градот покрај Охридското Езеро.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!