Кошарка

Вардар шампион во М16 лигата, Џолев прогласен за МВП на финалниот турнир

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарите на Вардар се нови шампиони во М16 лигата, откако во возбудливо и неизвесно финале го совладаа Водно Санс со 90:86 и ја освоија титулата државен првак.

Финалниот натпревар понуди одлична кошарка и многу пресврти. Подобар старт имаа младите кошаркари на Водно Санс, кои во првата четвртина постигнаа дури 30 поени и поведоа со осум поени разлика. Вардар успеа делумно да ја намали негативата во втората четвртина, но на полувремето Водно Санс сè уште имаше предност од 53:48.

Во второто полувреме следуваше пресврт. Вардар влезе многу поагресивно и на средината од третата четвртина го израмни резултатот на 63:63. Набргу потоа „вардарци“ поведоа со 66:63, но Водно Санс возврати со серија од седум поени и повторно ја презеде контролата. Сепак, Вардар не се предаде и по три четвртини имаше минимална предност од 72:70.

Драмата го достигна врвот во последниот период. На една минута и 18 секунди пред крајот резултатот беше израмнет (86:86), но Вардар остана посмирен во финишот. Шампионите постигнаа четири поени по ред, не дозволија противникот да се запише во завршницата и стигнаа до голем триумф вреден шампионски пехар.

Најефикасен во победничкиот состав беше Шадиновски со 22 поени, пет скока и три асистенции. Трпчевиќ оствари дабл-дабл учинок од 17 поени и 11 скока, надополнет со четири асистенции. Одлична партија прикажа и Јосиф Џолев со 16 поени и 13 скока, додека Ѓорѓиевски придонесе со 14 поени, пет скока и пет асистенции.

ФОТО: КФМ

Во редовите на Водно Санс најдобар беше Анѓеловски со 22 поени, седум скока и седум асистенции. Муратовски постигна 21 поен, Веселинов додаде 19 поени и осум скока, а Стаменковски натпреварот го заврши со 15 поени, девет асистенции и седум скока.

По завршувањето на турнирот, признанието за најкорисен играч (МВП) му припадна на Јосиф Џолев од Вардар. Во финалниот натпревар тој запиша 16 поени и 13 скока, од кои осум офанзивни, а додаде и три блокади. Со вкупно 26 индексни поени, Џолев беше најкорисниот играч на големото финале и еден од најзаслужните за шампионската титула на Вардар.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ и Работнички продолжуваат победнички, Куманово го запиша првиот триумф во Суперлигата откако славеше над Штип

Второто коло од новата сезона во МТЕЛ Суперлигата донесе нови возбудувања, пресврти...

Кошарка

ТФТ го скрши отпорот на Скопје за прва победа во сезоната, Цветковски и Сила блескаа!

ТФТ ја запиша првата победа во новата сезона од МТЕЛ Суперлигата, откако...

Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!