Втора лигаПрва лигаФудбал

Голманот Антонио Столевски – специјалист за баражи: Три од три и историски успех со Шкендија Арачиново

Сподели
ФОТО: Илхан Османи
Сподели



Голманот Антонио Столевски зад себе има импресивен учинок кога станува збор за бараж натпревари. Младиот чувар на мрежата досега настапи на три баражи и сите три ги заврши победнички, а последниот успех со Шкендија Арачиново сигурно е најголемиот во неговата досегашна кариера.

Првиот бараж триумф Столевски го забележа во сезоната 2023/2024 како голман на Победа. На стадионот во Ѓорче Петров, прилепскиот клуб со 2:1 славеше над тогашниот шампион на Трета лига – Север, Куманово и обезбеди опстанок во второлигашката конкуренција.

Вториот успешен бараж за Столевски следуваше минатата сезона, кога го бранеше голот на Слога Виница. Виничани во баражот против Преспа изборија промоција од Трета лига – Исток во Втората македонска фудбалска лига, а Столевски повторно беше дел од победничката приказна.

Третиот бараж донесе и најголем успех во неговата кариера. На Градскиот стадион во Кавадарци, Шкендија Арачиново го совлада Пелистер и испиша историја со прв пласман во Првата македонска фудбалска лига.



Столевски беше еден од најзаслужните за големиот успех на тимот од Арачиново. Во регуларниот дел му одбрани пенал на искусниот Мирко Ивановски, а потоа во пенал-рулетот блесна со уште три одбранети удари од белата точка, носејќи огромна радост за својот тим и навивачите.

Со тоа, 24-годишниот голман остана со максимален ефект во бараж натпреварите – три настапи и три победи, што е реткост во македонскиот фудбал.

Столевски во својата кариера настапуваше за Шкендија Арачиново, Слога Виница, Брегалница, Победа, Караорман, Кожуф и Велешта, а со последниот успех уште еднаш потврди дека е голман кој знае како се добиваат најважните натпревари.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Превалец ремизираше со Бучин, прилепска Победа со ОСУМ гола во Пепелиште, трите бода заминаа во Крушево

Прилепска Победа продолжува да нижи големи победи во Трета лига регион 4 откако со 0:8 славеше над Победа во Пепелиште во меч од...

Трета лигаФудбал

Поради неплатени картони, Вардар Неготино службено го загуби мечот со Борец

Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако Комесарот за натпреварување одлучи дуелот од 4. коло во Трета лига...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Поради неплатени картони, Вардар Неготино службено го загуби мечот со Борец

Борец доби службени три бода во натпреварот против Вардар од Неготино, откако...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!