ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Шампионска рапсодија во Ново Село: Огражден со победа над Интер Кукла до титулата

Сподели
ФОТО: Смоларски
Сподели



Фудбалскиот клуб Огражден е нов шампион на Општинската фудбалска лига – Струмица, откако во директната пресметка за титулата во рамки на последното 14. коло на домашен терен во Ново Село со сигурни 2:0 го совлада најголемиот конкурент Интер Кукла од Куклиш.

Во натпревар кој беше најавуван како вистинско финале на сезоната, тимот на Огражден покажа шампионски карактер и пред својата публика стигна до победа вредна титула. Со ова славје составот од Ново Село ја забележа деветтата сезонска победа и шампионатот го заврши на првото место со 31 освоен бод.

Од друга страна, Интер Кукла го претрпе четвртиот пораз сезонава и со 26 бодови ја заврши сезоната на втората позиција, зад новиот шампион.

На доделувањето на шампионскиот пехар беше присутен и градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов.

Фудбалскиот амбиент во Ново Село беше на високо ниво. Фудбалскиот терен беше исполнет со љубители на фудбалот кои уживаа во одличниот натпревар и неизвесната битка за шампионската круна. Огражден се претстави во одлично светло не само на теренот, туку и во организациска смисла, потврдувајќи дека титулата заврши во вистински раце.

Меѓу присутните на натпреварот беше и македонскиот репрезентативец и член на узбекистанска Согдиана, Љупчо Дориев, кој во присуство на претседателот на ОФС Струмица, Илија Илиев – Рома го проследи дербито за титулата.

ФОТО: Смоларски

Интересно беше и на останатите терени во последното коло од шампионатот. Најефикасниот натпревар се одигра во Пиперово, каде Единство со 5:3 ја совлада Слога од Злеово во меч со дури осум погодоци.

Дрвош ја заврши сезоната со победа, откако на гостински терен во Добрејци славеше против Илинден со 2:3 и го запиша шестото сезонско славје.



Најубедлив триумф во колото оствари Спартмани, која на теренот во Балдовци со убедливи 7:3 беше подобар од последнопласираниот Напредок од Радово.

Со последниот судиски свиреж во Ново Село беше спуштена завесата на уште една интересна сезона во ОФЛ Струмица, а најголемата причина за славје ја има Огражден, кој сосема заслужено ја понесе шампионската титула и го круниса успешниот шампионат со победа во најважниот натпревар од сезоната.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!