Останато

ФОТО: Team Carvalho Радовиш освои три злата и едно сребро на ADCC Macedonia Open 2026

Сподели
Сподели



Тимот на Team Carvalho North Macedonia забележа уште еден успешен настап на интернационалната сцена, откако на престижниот турнир ADCC Macedonia Open 2026, кој денес се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, освои вкупно три златни и еден сребрен медал.

На настанот, кој важи за еден од најпрестижните турнири во submission grappling дисциплината и собра натпреварувачи од повеќе европски земји, Team Carvalho Macedonia настапи со седум свои претставници.

За Анабела Поцева, Нико Поцков и Стефан Митев, ова беше прво интернационално искуство на татами, а сите тројца достојно го претставија клубот и покажаа дека пред нив стои светла спортска иднина. Особено успешна беше Поцева, која успеа да стигне до финалето и да го освои сребрениот медал во својата категорија.

Во напредната дивизија настапи и Филип Ѓуров, кој прикажа квалитетни борби и голема борбеност, но овојпат не успеа да стигне до место на победничкиот пиедестал.



Посебно внимание привлече настапот на Изабела Зајков, која немаше конкуренција во својата женска категорија во напредната дивизија. По одлука на организаторот беше префрлена во машката конкуренција до 70 килограми за возраст од 15 до 18 години.

Таа одработи две одлични борби и беше многу блиску до освојување медал, но во мечот за третото место беше поразена од натпреварувач од Бугарија. Сепак, нејзиниот настап остави силен впечаток и беше пример за храброст, самодоверба и натпреварувачки дух.

До највисокото место на пиедесталот стигнаа Надица Ефтимова, Филип Зајков и Давид Зајков, кои ги освоија златните медали во своите категории и уште еднаш го потврдија квалитетот на тимот од Радовиш.

Успешниот настап на ADCC Macedonia Open 2026 претставува уште една потврда за континуираната работа, посветеност и напредок на Team Carvalho Macedonia, а освоените медали се дополнителен мотив за нови предизвици и уште поголеми успеси во иднина.



Инаку, Team Carvalho Радовиш активно работи и врши уписи на нови членови, од понеделник до петок од 17 часот, а членството е бесплатно. Овој спорт веќе во Радовиш и околината предизвика голем интерес, вратите на клубот се отворени за сите заинтересирани, не само од Радовиш туку од цела Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!