Прва лигаФудбал

Како ќе изгледа Првата лига за сезона 2026/2027

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели



Првата македонска фудбалска лига во новата сезона ќе биде во скратен форма, наместо 12 екипи како во сезоната која измина, следната сезона ќе бидат десет екипи.

Конкуренцијата ќе биде далеку потешка како за титула и излез во Европа, така и за опстанок.

Членови на фудбалската елита за сезона 2026/2027 ќе бидат шампионот Вардар, Шкендија, Струга Трим Лум, Силекс, Тиквеш, Арсими, Башкими, Брегалница, Скопје и Шкендија Арачиново.

Брегалница стана шампион во Втората лига и обезбеди директен влез, Скопје го доби бараж дуелот со Брера Струмица, а пак Шкендија Арачиново го доби Пелистер.

По градови најмногу прволигашки ќе има од Скопје: Вардар, Скопје и Шкендија Арачиново, по еден претставник ќе има од Тетово, Струга, Кратово, Кавадарци, Чегране (гостиварско), Куманово и Штип.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед и Каменица Саса до убедливи победи, шампионот Скопје ја доби Тиверија Брера

Денес беа одиграни натпреварите од последното 27. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на истото новиот шампионот Скопје со минимални...

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Шампионска рапсодија во Ново Село: Огражден со победа над Интер Кукла до титулата

Фудбалскиот клуб Огражден е нов шампион на Општинската фудбалска лига – Струмица, откако во директната пресметка за титулата во рамки на последното 14....

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед и Каменица Саса до убедливи победи, шампионот Скопје ја доби Тиверија Брера

Денес беа одиграни натпреварите од последното 27. коло на Првата женска фудбалска...

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Шампионска рапсодија во Ново Село: Огражден со победа над Интер Кукла до титулата

Фудбалскиот клуб Огражден е нов шампион на Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Столевски: Бев сигурен каде ќе шутира Ивановски, анализата ни донесе историски успех

Херојот на историскиот успех на Шкендија Арачиново е голманот Антонио Столевски. Прилепскиот...

Втора лигаФудбал

Како ќе изгледа Втората лига следната сезона?

Со одигрувањето на баражите за Втора и Прва лига познат е изгледот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!