Втора лигаПрва лигаФудбал

Пелистер и Брера фаворити за опстанок, второлигашите подготвени за елитата!

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели



Денес ќе бидат одиграни бараж натпреварите за пополнување на последните место во Првата македонска фудбалска лига.

Пелистер и Брера како прволигаши ќе бараат опстанок и ќе ја имаат фаворитската улога, но второлигашите Шкендија Арачиново и Скопје се подготвени за парирање и обезбедување на влез во елитата по потешкиот пат.

На Градскиот стадион во Кавадарци ќе се соочат Пелистер и Шкендија Арачиново. Кај битолчани владее позитивна атмосфера, а тимот во пролетниот дел откако го презеде Марјан Секуловски е во една неверојатна победничка форма, но лошите резултати од есенскиот дел битолчани ги „платија“ со бараж за опстанок.

Тимот на Шкендија Арачиново зад себе има неверојатна форма и за влакно не успеа да стане шампион во Втората лига и да обезбеди директен влез. Екипата на Берат Имери играше и полуфинале од Купот на Македонија, а стадионот во Кавадарци носи среќа за екипата од Арачиново.

Минатата сезона Шкендија Арачиново беше шампион во Трета лига – Север, а потоа на Градскиот стадион во Кавадарци славеше над Осогово и обезбеди место во Втора лига.

Годинава, тимот од Арачиново покажа раст и развој и изгради одличен тим и сега ќе игра бараж, но овој пат за историја и за Прва лига.



На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе се соочат Брера и Скопје. Струмичани зад себе имаат сезона во која запишаа неколку катастрофални резултати кои со поинаков тек можеа да им обезбедат и директен опстанок, особено фактот што ремизираа двапати со Македонија ЃП, тие загубени бодови значат и бараж за опстанок, наместо директен опстанок.

Скопје направи одличен тим особено зимава со квалитетни засилувања и беше на чекор од шампионската титула во Втора лига. Со ист број на бодови како и шампионот Брегалница, но со полош меѓусебен дуел Скопје заврши втор и ќе мора преку бараж да бара враќање во елитата по неколку сезони.

Бараж натпреварите се играат денес со почеток од 16:30 часот, а Спортска Мрежа вчера ги објави и судиите кои ќе ја делат правдата, можете да прочитате овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!