Кошарка

Водно Санс убедливо го преслуша Феникс и закажа финале со Вардар во М16 лигата

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кадетите на Водно Санс обезбедија пласман во големото финале на завршниот турнир од М16 лигата во машка конкуренција, откако во полуфиналето убедливо го совладаа Феникс 2010 со 92:71.

Избраниците на тренерот Митко Маринковски имаа контрола врз резултатот во текот на целиот натпревар. По првото полувреме Водно Санс имаше предност од 45:38, но клучниот момент се случи во третата четвртина кога направи вистинска доминација и разликата ја зголеми на недостижни 73:47.

Токму тој одличен период од играта се покажа како пресуден за сигурен триумф и место во финалето на сезоната.

Голем придонес во победата даде триото Муратовски – Стаменковски – Веселинов, кое заедно постигна 49 поени и беше главен двигател на офанзивната игра на Водно Санс.

Кај Феникс 2010, најефикасен беше Филипче со 20 поени и шест скока, Јангелов запиша 13 поени и шест асистенции, Јајага постигна 11 поени, додека Гајовиќ натпреварот го заврши со 10 поени.

Во првото полуфинале, Вардар беше подобар од Работнички со 78:58, со што беа комплетирани финалните двојки на завршниот турнир.



Вечерва во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје ќе се одиграат натпреварите за конечен пласман. Од 18:00 часот Работнички и Феникс 2010 ќе се борат за третото место, додека големото финале меѓу Вардар и Водно Санс е закажано за 20:30 часот.

Љубителите на младинската кошарка вечерва ќе имаат можност да проследат интересна битка за шампионскиот трофеј во М16 лигата, во која силите ќе ги одмерат двете најдобри екипи сезонава – Вардар и Водно Санс.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново засилување во составот е српскиот плејмејкер Тадија Тадиќ. 27-годишниот бек, висок...

Останато

Пораз за Лина Ѓорческа на стартот на ВТА 125 турнирот во Љубљана

Најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа доживеа пораз во првото коло на ВТА 125 турнирот во Љубљана, кој се игра за награден фонд од...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ Скопје го засили ростерот со српскиот плејмејкер

МЗТ Скопје продолжува со комплетирањето на тимот за претстојната сезона, а најново...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!