Денес се играат три натпревари од баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига, стратезите на сите екипи ги отворија картите со што се познати составите.
На Градскиот стадион во Кочани ќе се соочат Кожуф кој ќе се бори за опстанок во Втора лига против Борец, кој сака враќање во Втора лига.
На Градскиот стадион во Штип ќе се одигра мечот меѓу третолигашите Победа Валандово и Камјани, шампионот на Истокот против шампионот на Западот.
На стадионот „Силекс“ во Кратово ќе се игра мечот меѓу Каменица Саса и Еуромилк ГЛ. Тимот од Македонска Каменица се бори за опстанок, а „лисиците“ од Горно Лисиче во борба за враќање во Втора лига по долги години.
