Ракомет

Кукуловски: „Татабања нема лесно да се предаде, но веруваме во освојување на трофејот!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид е пред историски момент и натпревар кој може засекогаш да остане запишан во македонскиот ракомет. По големата победа во Унгарија против МОЛ Татабања, охриѓани в недела ќе имаат шанса пред својата публика да го подигнат трофејот во ЕХФ Европскиот Куп.

Во пресрет на реваншот, во изјава за Спортска Мрежа, ракометарот на Охрид,  Дејан Кукуловски порача дека тимот е свесен за тежината на предизвикот, но и подготвен за последната битка оваа сезона.

ФОТО: ГРК Охрид

Кукуловски истакна дека Охрид одиграл зрел и дисциплиниран натпревар во Унгарија, во кој тимот покажал карактер и голема желба за позитивен резултат. Тој смета дека победата е значајна, особено ако се земе предвид квалитетот на противникот, иако останува чувство дека разликата можела да биде и поубедлива.

„Одигравме навистина квалитетен натпревар во Унгарија и мислам дека покажавме карактер, дисциплина и голема желба за позитивен резултат. Точно е дека во одредени моменти имавме и поголема предност и можеби можевме да се вратиме со уште подобра гол- разлика, но и ова е одличен резултат ако се знае против каков противник игравме.“

ФОТО: ГРК Охрид

Ракометарот на Охрид потенцира дека реваншот ќе биде уште потежок од првиот натпревар, бидејќи Татабања има искусен состав кој нема лесно да се предаде. Според него, концентрацијата, цврстата одбрана и поддршката од трибините ќе бидат пресудни фактори во борбата за европскиот пехар.

„Во недела нè очекува уште потежок натпревар, затоа што Татабања е искусен и квалитетен тим кој сигурно нема лесно да се предаде. Клучно ќе биде да останеме максимално сконцентрирани во текот на сите 60 минути, да играме цврсто во одбрана и паметно во напад. Атмосферата во салата сигурно ќе биде дополнителен мотив за нас и верувам дека со енергијата од трибините можеме да дојдеме до посакуваната титула.”- вели Кукуловски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Во недела, „Билјанини Извори“ ќе биде ,,претесна” за да ги собере сите емоции, а Охрид ќе ја има поддршката од целиот град и цела Македонија. Навивачите веќе покажаа дека веруваат во овој тим, а сега останува сите заедно да ја создадат атмосферата што може да донесе историска европска титула.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!