Трета лигаФудбал

Исмаили: Судиите во Трета лига – Запад ја завршија работата професионално и без проблеми

Сподели
ФОТО: Музафер Исмаили, контролор и Комесарот за делегирање на судии во Трета лига – Запад
Сподели

Заврши сезоната во Трета лига – Запад, сега остануваат баражите да се одиграат и со тоа да се спушти завесата за оваа натпреварувачка сезона.

Во Трета лига – Запад шампион е Камјани, кој ќе игра бараж за влез во Втора лига против шампионот на Трета лига – Исток, Победа Валандово.

Комесарот за делегирање на судии во Трета лига – Запад, Музафер Исмаили, за Спортска Мрежа истакна дека е задоволен од тоа како судиите ја завршиле својата работа, на професионален и коректен начин, притоа им се заблагодари на сите клубови за фер и коректниот однос.

„Јас како комесар сум презадоволен од судиите во Трета лига – Запад. Сите си ја завршија својата работа професионално и коректно без било каков проблем. Им благодарам на сите клубови за фер и коректниот однос кои го имаа во текот на целата сезона. “, вели Музафер Исмаили за Спортска Мрежа.

Исмаили кој во минатото беше судија, а сега е контролор, вели дека интересот за судењето е мал, но пополека се буди истиот, за што вели дека во следниот период ќе организираат разни активности како да се зголеми истиот на повисоко ниво. Еден од чекорите кои размислуваат да го преземат е посета на училиштата, со што би се промовирало судењето како професија.

„Искрено не е баш на некое високо ниво интересот кај младите за судење, имаме шест судии кои се млади и перспективни, но ниту една не е девојка. За таа цел во план сме да реализираме некои активности како да ги привлечеме младите кон оваа професија, да делат правда на фудбалските терени. Размислуваме на тоа да имаме некои активности во училиштата, со цел да ги привлечеме младите. Пополека од сезона во сезона се буди интересот и тоа дава надеж да работиме уште повеќе истиот во иднина да биде на уште повисоко ниво“, дополни Исмаили во разговор за Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!