Ракомет

Савревски пред финалето: „Клучна ќе биде борбата за секоја топка!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид в недела ќе го одигра најважниот натпревар во својата историја, реванш- финалето од ЕХФ Европскиот Куп против МОЛ Татабања. По големата победа во Унгарија, охриѓани се на чекор до европскиот трофеј, а атмосферата во градот веќе е вистински спектакл, откако билетите за натпреварот беа распродадени за рекордно кратко време.

ФОТО: ГРК Охрид

Во пресрет на реваншот, од таборот на охриѓани- Давид Савревски за Спортска Мрежа, порача дека позитивниот резултат од првиот меч не смее да создаде опуштање кај тимот, бидејќи финалната битка допрва следува. Тој нагласи дека клучот за успехот ќе биде цврстата одбрана, борбата за секоја топка и заедништвото во тимот, додека огромна мотивација ќе биде и поддршката од полните трибини во „Билјанини Извори“.

„Во недела нè очекува финале против Татабања. Од Унгарија се вративме со позитивен резултат, но работата сè уште не е завршена. Сега нè очекува реваншот на домашен терен. Салата е целосно распродадена, што значи дека ќе уживаме да играме пред нашите навивачи. Клучна за победа, сметам дека ќе биде одбраната, како и борбата за секоја топка и тимскиот дух. Ние одиме на победа и да го освоиме трофејот!”- изјави Савревски за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Во недела од 20:00 часот, „Билјанини Извори“ ќе биде центарот на европскиот ракомет. Охрид ќе ја има поддршката од преполната сала, а навивачите ќе имаат задача уште еднаш да бидат осмиот играч и да му помогнат на тимот заедно да испише историја и да го донесе европскиот пехар во Македонија.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!