Ракомет

Пелистер вечерва брка второ место и европски билет во Битола

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Салата „Боро Чурлевски“ вечерва ќе биде сцена на еден од најважните натпревари за Еурофарм Пелистер оваа сезона. Битолскиот состав од 18:00 часот ќе се соочи со екипата на Алкалоид, во директна борба за позициите во самиот врв на Супер Лигата.

Во пресрет на средбата, Охрид се наоѓа на второто место со 52 бодови, додека пелистерци имаат два помалку и се трети на табелата. Со евентуален триумф, избраниците на битолскиот клуб ќе се израмнат со ривалот, но ќе ја преземат втората позиција благодарение на подобриот меѓусебен биланс.

Дополнителна тежина на натпреварот му дава и можноста второпласираниот тим да обезбеди директен настап во Лигата на Европа наредната сезона, доколку Вардар добие вајлд- карта за учество во Лигата на шампионите.

Очекувањата се за исполнета сала и голема борба на теренот, бидејќи и двата тима имаат силен мотив во самиот финиш од шампионатот.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

„Пукна бомбата“: Марио Благојевски останува во шампионот Проект

Тоа што го најави Спортска Мрежа во текот на вчерашниот ден доби на потврда, македонскиот репрезентативец Марио Благојевски останува во шампионот Проект и...

Останато

Штип УГД испиша нова историја: Освоен „Чајка“ Супер купот откако штипјани го „прегазија“ ГОК Борец

Штип УГД е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија во машка конкуренција, откако освојувачот на двојната круна од ланската сезона со убедливи...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!