Младински фудбалФудбал

Познати учесниците од Преспанско-пелагонискиот регион за завршницата на ФФМ Детската лига во Скопје

Сподели
Сподели

Во битолско Црнобуки успешно беше организиран завршниот турнир од ФФМ Детската лига за Преспанско-пелагонискиот регион, каде младите фудбалски надежи низ неколкудневни возбудувања се бореа за пласман на големата завршница во Скопје.

Одличниот терен во Црнобуки понуди максимално добри услови за игра, а младите фудбалери покажаа голема борбеност, талент и спортски дух во сите генерации.

Пласман на завршниот турнир во Скопје обезбедија следните екипи:

  • Генерација 2013

ФК Талент 2010

ФК Пелистер

  • Генерација 2014

ФК Талент 2010

ФК Прилеп

  • Генерација 2015

Еден на Еден

Пелистер

  • Генерација 2016

Академија Еврогол

Перак

  • Генерација 2017

Еден на Еден

Перак

  • Генерација 2018

Пелистер

Еврогол

Координаторите Васко Бошески и Александар Делов, упатија благодарност до сите тренери за коректниот однос, професионалноста и фер-плеј атмосферата во текот на трите дена од завршниот турнир.

ФФМ Детската лига продолжува да биде вистинска база за развој на младите фудбалери и место каде најмладите таленти добиваат можност да го покажат својот потенцијал и љубов кон фудбалот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со Насаф Шабанов, кој е промовиран во дресот на македонскиот футсал шампион....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Башкими службено го доби мечот со ЖФК Менада, клубот од Тетово и фудбалерката пред Дисциплинска комисија

ЖФК Башкими 2024 службено го доби натпреварот со Менада од првото коло во Втората македонска женска фудбалска лига, откако Комисијата за женски фудбал...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Македонскиот футсал шампион го промовираше Насаф Шабанов

Екипата на Проект од Јосифово за сезона 2026/2027 ќе биде посилна со...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!