Втора лигаТрета лигаФудбал

Борец организира бесплатен превоз за Кочани: Велешани со поддршка од трибините ќе бркаат експресен камбек во Втора лига

Сподели
ФОТО: ФК Борец
Сподели



Третолигашот Борец, со поддршка од Општина Велес, организира бесплатен автобуски превоз за сите навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот за бараж натпреварот против Кожуф од Гевгелија за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Натпреварот ќе се одигра во Кочани, а велешани очекуваат голема поддршка од трибините во обидот да обезбедат експресно враќање во второлигашката конкуренција. Борец сезонава ја освои шампионската титула во Третата лига – Југ и сега преку баражот ќе се обиде да направи камбек во Втората лига против искусниот второлигаш Кожуф од Гевгелија.

Од клубот информираат дека организатор на натпреварот е Фудбалската федерација на Македонија, а цената на билетот за влез изнесува 200 денари. Секој навивач ќе треба самостојно да обезбеди влезница, додека дополнителни информации околу продажбата ќе бидат објавени во наредниот период.

Поради потребата од список на патници, сите заинтересирани за организираниот превоз треба да се пријават со име и презиме во порака, најдоцна до петок (29 мај 2026) до 22:00 часот.

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ВО ТЕК ЗА ОХРИД КУП – ТУРНИР ЗА ГЕНЕРАЦИИ 2014, 2015, 2016, 2017, 2018 и 2019 – ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОД 18 ДО 21 ЈУНИ – ОДЛИЧНА ПОНУДА СО ТРИ НОЌЕВАЊА

Поаѓањето е закажано во 15:00 часот од паркингот во кругот на Гимназијата во Велес, спроти ЕВН.

Во Велес владее голема мобилизација пред важниот бараж натпревар, а пораката од клубот е јасна – „Да го обоиме Кочани во црвено!“

Борец во минатото настапуваше и во Првата македонска фудбалска лига.



Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Јанг Тим шампион во ФФМ Детската лига: Стружани ја освоија титулата, Илиоски прогласен за најдобар голман

Фудбалската школа Јанг Тим од Струга уште еднаш потврди дека е една од најквалитетните и најорганизираните школи во Македонија, откако генерацијата 2014 стана...

Ракомет

Николиќ и Илиќ пристигнаа во Младост: Богданчани го засилуваат тимот пред баражот за Супер лига против Струга

РК Младост 1977 од Богданци влегува максимално подготвен во најважниот натпревар сезонава. Во пресрет на баражот за пласман во Супер лигата, клубот го...

Поврзани написи
Втора лигаТрета лигаФудбал

Камјани испрати силна порака по историскиот успех: Во Штип победија фудбалот, почитта и пријателството

Фудбалскиот клуб Камјани испиша една од најубавите приказни на македонската фудбалска сцена...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Како ќе изгледа Брера против Скопје, а како Пелистер против Шкендија Арачиново?

Денес се играат бараж натпреварите за пополнување на последните две места во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!