Останато

Александар Цеков успешно го заврши ЦЕВ курсот за меѓународни судии

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонскиот одбојкарски судија Александар Цеков успешно го заврши курсот за кандидати за интернационални судии, организиран од Европска одбојкарска конфедерација, и стана дел од друштвото на арбитри кои ја носат значката на ЦЕВ.

Курсот се одржа во Виши, Франција, во периодот од 17 до 24 мај, а Цеков беше еден од 26-те кандидати од 24 европски земји. Македонскиот судија со високи оценки ја мина комплетната обука, која опфати теоретски и практичен дел.

Во рамки на програмата, кандидатите судеа на вкупно 44 натпревари од високоелитното национално првенство на Франција за играчи до 22 години.

Во моментов, Цеков има статус на кандидат за интернационален ЦЕВ судија. За да го добие и официјално статусот интернационален судија, потребно е да добие три позитивни потписи од ЦЕВ судиски супервизори на меѓународните натпревари на кои ќе биде делегиран од септември оваа година.

Македонски судии кои ја носат значката на ЦЕВ се Влатко Ристовски, Орданче Амбарков, Јосип Христов и Елеонора Петровска, додека Симон Џинес, Никола Мицевски, Здравко Здравески и Славчо Здравески се меѓународни делегати.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

КФМ го намали бројот на странци во македонската кошарка и воведе нови правила за клубовите

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека на денешната седница на Управниот одбор, едногласно беше усвоен Предлог правилникот за лиценцирање на кошаркарски...

Кошарка

Спорт тим против Вардар за кадетската титула

Во вториот полуфинален натпревар од „Фајнал фор“ турнирот во М16 лигата-жени, домаќинот беше подобар од екипата на Петровски (47:37). Екипата на Спорт тим...

Поврзани написи
Останато

Свечена промоција на биографијата на спортската легенда Владимир Богоевски

Вчера во домот каде што се роди македонскиот олимпизам — хотелот „Холидеј...

Останато

Женската одбојкарска репрезентација со две контроли против Косово

Првиот контролен натпревар, од двата договорени со репрезентацијата на Косово, женскиот национален...

Останато

Пионерките на Наковски Волеј шампионки на Македонија

По кадетската екипа, и пионерките на Наковски Волеј се закитија со шампионската...

Останато

Македонските таеквондисти блеснаа во Италија: Златен успех на „Barletta Challenge 2026“

Македонското знаме гордо се вееше во Барлета, Италија, каде натпреварувачите на Македонска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!