Ракомет

Охрид сигурно го совлада Тиквеш и со победничка атмосфера го чека реваншот од европското финале

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид со убедлива победа над Тиквеш од 29-22 успешно ја затворија сезоната во македонската Супер лига и останаа во трка за второто место на табелата.

Натпреварот од последното коло во плеј-офот, иако Тиквеш беше формален домаќин, се одигра во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид, со цел охриѓани да добијат повеќе време за одмор и подготовка пред историското реванш финале во ЕХФ Европскиот Куп против Татабања.

Тренерот Борис Ројевиќ направи бројни ротации и одмор за дел од главните носители на играта. Анте Иванковиќ, Кристијан Пилиповиќ и Гоце Ојлески останаа надвор од составот, а дел од стандардните првотимци добија ограничена минутажа. Сепак, и ваквиот состав на Охрид беше пресилен за кавадарчани.

Само во воведните минути се играше израмнето, по што охриѓани целосно ја презедоа контролата и постепено создадоа сигурна предност. На полувремето водеа со 17-12, а во вториот дел рутински ја одржуваа разликата за конечни 29-22.

Најефикасни кај Охрид беа Бојаниќ, Јасухира, Лиапис и Софкоски со по четири погодоци, додека кај Тиквеш се истакна Томче Стојановски со десет гола.

Со оваа победа, Охрид барем до четврток ќе остане на второто место на табелата, а конечниот пласман ќе зависи од исходот на дербито меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид. Доколку битолчани не освојат цел плен, тимот на Ројевиќ ќе стигне до историска вицешампионска „титула“.

Сепак, во Охрид мислите веќе се насочени кон неделниот европски спектакл. „Гладијаторите“ пред својата публика ќе се обидат да ја одбранат минималната предност од првиот меч во Унгарија и да испишат нова страница во клупската историја.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар го доби вечното дерби, Пелистер немаше одговор за „црвено-црните“!

Вардар ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат и ја потврди лидерската позиција со триумф над најголемиот ривал Еурофарм Пелистер. Во деветтото коло...

Трета лигаФудбал

Питу Гули од 3:1 до победа во 90+5, Големо Коњари со „шестка“ и хет-трик на Каришиќ

Драматичен пресврт во Неготино и убедлива победа на Големо Коњари го одбележаа неделниот дел од осмото коло во Третата македонска фудбалска лига –...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го доби вечното дерби, Пелистер немаше одговор за „црвено-црните“!

Вардар ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат и ја потврди лидерската...

Ракомет

Струга режираше голем пресврт во Битола, Јовановски со 14 одбрани ја реши драмата!

Ракометарите на Струга освоија значајни бодови на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2,...

РакометРакометна репрезентација

Од клупско дерби, во репрезентативен ритам: Македонија ги почнува подготовките за Луксембург!

Македонската машка ракометна репрезентација денеска, 1 ноември, ги започнува подготовките за првите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!