Ракомет

Андреј Георгиев ново засилување за Еурофарм Пелистер 2

Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со создавање на млада и перспективна екипа за следната сезона, а ново име во составот на битолскиот тим е талентираниот Андреј Георгиев.

Битолчанецот од наредната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер 2, каде ќе има можност дополнително да го развива својот потенцијал и да биде важен дел од тимот.

Георгиев важи за еден од најперспективните млади ракометари на својата позиција, а оваа сезона блескаше во настапите како десно крило. Кадетскиот репрезентативец на Македонија доминираше на теренот и речиси на секој натпревар беше меѓу најдобрите поединци, најчесто завршувајќи како најдобар стрелец на својот тим.

Со својата брзина, реализација и напаѓачки квалитети, Георгиев се очекува да донесе дополнителна енергија и ефикасност во играта на Еурофарм Пелистер 2, клуб кој продолжува да инвестира во млади македонски ракометари и идни репрезентативци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските навивачи со организиран „Fan Walk“ во Луцерн пред дуелот со Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот го игра натпреварот против Швајцарија во рамки на третото коло од Лигата на нации, а за...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

Поврзани написи
Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!