Прва лигаФудбал

Бењамин Ќерими ќе им суди на Вардар и Шкендија, Александар Василевски главен во Гостивар

Сподели
Сподели



Утре ќе бидат одиграни два натпревари за отварање на последното 33. коло на Првата македонска фудбалска лига.

На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, каде „вардарци“ ќе го добие шампионскиот пехар.

Бењамин Ќерими ќе ја дели правдата како главен арбитар, а негови асистенти ќе бидат Гоце Петрески и Филип Ицковски, а пак Игор Стојчевски ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Александар Грујоски и Вјолца Изеири, а пак Виктор Васев ќе биде оператор за повторување на снимката. Делегат на натпреварот еќ биде Тони Шалев, а контролор Јосип Бартон додека пак комесар за безбедност на ФФМ ќе биде Зоран Саздов.

Натпреварот започнува во 18 часот.

Претходно, во 16 часот ќе започне натпреварот во Гостивар меѓу Арсими и Струга Трим Лум, каде Александар Василевски ќе дели правда, а ќе му помагаат Имран Абази и Бојан Иваноски, а пак Ндерим Тефику ќе биде четврт судија.

ВАР судија ќе биде Фатмир Бафто, а пак АВАР судија ќе биде Мишо Ѓорѓиески. Оператор за повторување на снимката е Растко Ѓурѓевиќ.

Делегат на средбата ќе биде Расим Муминовиќ, а пак контролор ќе биде Димитар Мечкаровски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот старт со три порази од толку натпревари во кумановскиот прволигаш пристигнаа...

Ракомет

ФОТО: Охрид со моќно второ полувреме до нова победа – „гладијаторите“ на чекор до финале на „Крсте Андоновски“

ГРК Охрид продолжува со одличниот настап на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, откако во рамки на групата А ја совлада Војводина со убедливи 30-19...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!