Управниот одбор на ФФМ ја потврди распределбата на финансиски средства од УЕФА кон домашните клубови од Прва, Втора, Женска МФЛ и Прва футсал лига.
Имајќи ја предвид важноста на овие средства за развојот на клубскиот фудбал, како и обврската за транспарентно и отчетно управување со истите, вкупниот износ на средства што ФФМ ги има префрлено кон клубовите во сезоната 2025/26 изнесува 9.414.689 евра.
Средствата се распределени согласно утврдените критериуми и механизми на УЕФА, водејќи сметка за правичноста, одржливоста и поттикнувањето на развојот на клубовите на сите нивоа на натпреварување.
Детален преглед на распределбата по клубови:
Женска МФЛ и футсал
ЖФК Љуботен – 227.000 евра
КМФ Форца 2015 – 60.000 евра
Клубови – Прва МФЛ
ФК АП Брера – 180.583 евра
ФК Аресими 1973 – 180.583 евра
ФК Башкими 1947 – 180.583 евра
ФК Вардар – 880.583 евра
ФК Македонија ЃП – 180.583 евра
ФК Пелистер – 180.583 евра
ФК Работнички – 541.583 евра
ФК Силекс – 505.583 евра
ФК Струга Трим Лум – 180.583 евра
ФК Тиквеш – 180.583 евра
ФК Шкендија – 5.771.699 евра
Клубови – Втора МФЛ
ФК Беласица – 10.944 евра
ФК Брегалница 2008 – 10.944 евра
ФК Вардар Неготино – 10.944 евра
ФК Големо Коњари – 10.944 евра
ФК Детонит Јуниор – 10.944 евра
ФК Каменица Саса – 10.944 евра
ФК Кожуф Гевгелија – 10.944 евра
ФК Новаци 2005 – 10.944 евра
ФК Осогово – 10.944 евра
ФК Охрид Лихнидос – 10.944 евра
ФК Преспа – 10.944 евра
ФК Скопје – 10.944 евра
ФК Слога 1934 – 10.944 евра
ФК Тетекс 1953 – 10.944 евра
ФК Шкендија Арачиново – 10.944 евра