На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалска федерација на Македонија беше разгледана состојбата со финансиските обврски на клубовите од Втората македонска фудбалска лига кон ФФМ.
И покрај поддршката од страна на Федерацијата и пренамената на дел од средствата од УЕФА за намалување на долговите преку компензации, дел од клубовите и понатаму се соочуваат со значителни финансиски обврски.
Заклучно со 18 мај 2026 година, вкупниот долг на второлигашките клубови кон ФФМ изнесува 5.527.131 денари, односно нешто повеќе од 90.000 евра.
Се потенцираше дека и покрај минатогодишното ослободување од плаќање котизација, финансиската дисциплина останува сериозен предизвик, поради што во следниот период ќе бидат разгледани дополнителни мерки за стабилизација на клубовите и подобрување на финансиската одговорност.
ДОЛГОВИ КЛУБОВИ ВТОРА МФЛ 2025-26
ФК Беласица – 507,026 ден.
ФК Брегалница 2008 – 104,761 ден.
ФК Вардар Неготино – 23,676 ден.
ФК Големо Коњари – 18,755 ден.
ФК Детонит Јуниор – 924 ден.
ФК Каменица Саса – 922 ден.
ФК Кожуф Гевгелија – 183,761 ден.
ФК Новаци 2005 – 19,239 ден.
ФК Осогово – 11,069 ден.
ФК Охрид Лихнидос – 551,213 ден.
ФК Победа – 2,244,857 ден.
ФК Скопје – 964,972 ден.
ФК Слога 1934 – 44,893 ден.
ФК Тетекс 1953 – 712,588 ден.
ФК Шкендија Арачиново 77 – 148,360 ден.
ФК Преспа – 32,285 ден.