КупФудбал

Беќири: Во финале секогаш одлучува еден момент, ќе дадеме сè за Куп трофејот

Сподели
Сподели

Шкендија вечерва против Силекс ќе атакува на третата Куп титула во својата историја, откако претходно истата ја освојуваше во 2016 и 2018 година.

Стратегот Јетон Беќири вели дека можеби за нив мала предност ќе биде европското искуство, но додава дека во финале секогаш одлучува еден момент.

„Мислам дека Шкендија по 8 години е во финале на Купот и нормално ќе влеземе максимално во овој меч и како екипа која сака да се надигрува. Имаме почит кон Силекс кои последниве две години играат одлично. Лани до последно коло се бореа со нас за титулата. Нијанси ќе одлучуваат. Можеби имаме мала предност од нашето европско искуство, но во еден меч тоа ништо не значи бидејќи секогаш во овие мечеви одлучува еден момент. Ние ќе дадеме се од себе да победиме. Пред се сакам фер натпревар и да има коректно судење, па кој ќе е посреќен нека се радува на крај“, рече Беќири.

Шкендија играше уште три финалиња на кои беше поразена – во 2006, 2013 и 2017 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

КупФудбал

ФИНАЛЕ: Силекс по четврта Куп титула, Шкендија по трета

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра големото финале од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија, а кое...

КупФудбал

Беќири: Во финале секогаш одлучува еден момент, ќе дадеме сè за Куп трофејот

Шкендија вечерва против Силекс ќе атакува на третата Куп титула во својата историја, откако претходно истата ја освојуваше во 2016 и 2018 година....

Поврзани написи
КупФудбал

ФИНАЛЕ: Силекс по четврта Куп титула, Шкендија по трета

Вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одигра големото...

КупФудбал

Васоски: За нас ова е натпревар на сезоната, бидејќи носи излез во Европа

Вечерва се игра финалето од Купот на Македонија меѓу Силекс и Шкендија...

КупФудбал

ФОТО: Силекс го одработи последниот тренинг пред големото Куп финале против Шкендија

Преку фотографиите ја доловуваме атмосферата од последниот тренинг на фудбалерите на Силекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!