Ракомет

Младост Богданци и Струга ќе решаваат кој ќе игра во Супер лигата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Екипи на Младост Богданци и Струга ќе водат директна битка за место во македонската Суперлига за следната сезона.

Тимот од Богданци ја заврши сезоната во Првата лига на второто место и на тој начин обезбеди бараж натпревар за пласман во елитата. Избраниците на Горан Андоновски имаа одлична сезона и сега ќе се обидат повторно да го вратат клубот во најсилното домашно натпреварување, каде последен пат настапуваа во сезоната 2020/2021.

На спротивната страна ќе биде Струга, екипа која заврши на претпоследната позиција во суперлигашкиот плеј-аут и повторно ќе мора преку бараж да го спасува својот статус. Стружани и минатата сезона играа ваков натпревар, кога на неутрален терен во Прилеп успеаја да слават над Мулти Есенс и да обезбедат опстанок.

Според претходно утврдениот распоред, бараж дуелот треба да се одигра на 6 или 7 јуни на неутрален терен, а во наредниот период се очекува да бидат потврдени терминот и градот домаќин.

Младост веќе ги заврши сезонските обврски и ќе има доволно време за подготовка за натпреварот на сезоната, додека Струга до крајот на плеј-аутот ја очекуваат уште дуелите против Радовиш и Еурофарм Пелистер 2.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!