Ракомет

Мулти Есенс се врати во македонската ракометна елита!

Сподели
ФОТО: РК Мулти Есенс
Сподели

Екипата на Мулти Есенс повторно ќе биде дел од Супер лигата на Македонија, откако со убедлива победа над Драчево Јуниор од 39-25 го завери првото место во Првата лига и промоцијата во елитното друштво.

Тимот предводен од Миле Бочкаровски одигра одлична сезона и сосема заслужено се враќа меѓу најдобрите, по две години минати во Првата лига. Мулти Есенс шампионатот го заврши со импресивен учинок од 23 победи и само еден пораз на 24 одиграни натпревари.

Во последниот натпревар сезонава, пред домашната публика, најрасположен беше Бобан Поповски кој постигна осум голови, додека Немања Џигеровски додаде седум погодоци. Во редовите на Драчево Јуниор се издвои Димитар Петковски со пет реализации.

Мулти Есенс со млад и талентиран состав покажа дека има квалитет за настап во најсилната македонска ракометна конкуренција, а следната сезона љубителите на ракометот со големо внимание ќе ги следат настапите на овој амбициозен тим во Суперлигата.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово брка 5/5, фаворитите се под притисок: Петтото коло може да ја „раздрма“ Третата лига регион 3!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3, кое може да донесе промени на...

ФудбалЧетврта лига

Новата сезона во ОФЛ Струмица стартува во недела, ќе се натпреваруваат 14 екипи

Со 14 екипи во недела ќе започне новата сезона 2026/27 во Општинската фудбалска лига – Струмица. Ждрепката е закажана за утре, кога ќе...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!