КупФудбал

(ФОТО) Силекс подготвен за големото финале: Кратовци атакуваат на четвртата Куп титула

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Силекс се подготвени за утрешното 34. финале од Фудбалскиот куп на Македонија, каде на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочат со екипата на Шкендија. Финалниот натпревар е закажан со почеток од 20 часот.

Кратовци во големата пресметка влегуваат со јасна цел – освојување на четвртата Куп титула во клупската историја.

Силекс првиот трофеј во ова натпреварување го освои во 1995 година, втората Куп титула тимот од Кратово ја освои во 1997 година, а последната во 2021 година.

Силекс играше уште две финалиња, но истите ги загуби во 1995 и 2022 година.

Сега тимот од Кратово ќе има нова можност да испише историја и повторно да го подигне вредниот пехар, а со тоа и да обезбеди излез го Европа, односно да игра квалификации во Конференциската лига на УЕФА.

Фудбалерите на Силекс денес во 12 часот според информации на Спортска Мрежа заминаа за Скопје, каде ќе бидат во карантин до самото финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!