Трета лигаФудбал

Бучин го совлада шампионот Борец, реми во Крушево, шест гола во Росоман

Сподели
Сподели

Заврши сезоната во Трета лига – Југ, екипата на Росоман е шампион, а тимот од Велес со пораз ја заврши сезоната, откако загуби денес од Бучин со 6:5.

Хет-трик за домаќинот имаше Александар Србиноски, а по еден гол постигнаа Вурмески, Шопески и Мицески, за гостинот Мирчевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Филиповски, Имеров и Миловановиќ.

Млекар и Влазними Јуниор ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. За домаќинот стрелец беше Кире Димоски во 54. минута, а за гостинот погоди Аделин Демири во 22. минута.

Шест гола – но победник нема, реми на Росоман и Тополка (3:3) за делба на бодовите. Роналдо Фазлиов, Мартин Темелковски и Бранко Стошиќ беа стрелец за домашниот тим, за гостите Ордан Нешов погоди двапати, а еднаш Јован Димитров.

Во Крушево немаше победник откако Питу Гули и Башкими од Јаболчиште одиграа 1:1. Гоце Стојаноски го отвори резултатот во 12. минута за водство на домашните, а за гостите погоди Емре Исмаил во 80. минута.

Во Кривогаштани беа постигнати седум погодоци за триумф на домаќинот од 4:3 над Венец од Долни Дисан. Мијајлески и Јанчески беа двојни стрелци, а за гостинот стрелци беа Цветков, Донев и Лембовски.

Борец е шампион во овој регион со 61 бод, втор заврши Превалец со 53 бодови, а Венец е трет со 46 бодови.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!