Ракомет

Алкалоид е нов пионерски шампион

Сподели
Сподели

Екипата на Алкалоид е нов шампион во машката пионерска лига, откако на Ф4-турнирот во Автокоманда во финалниот натпревар го совлада составот на ГРК Охрид со убедливи 28-20.

Избраниците на Дарко Петровски одиграа сигурен натпревар и заслужено стигнаа до трофејот, а најпрецизен во победничкиот состав беше Иван Великов со осум погодоци. Кај охриѓани се истакна Илија Трајчески со седум гола.

Претходно, во полуфиналето, Алкалоид беше подобар од Мулти Есенс со 24-20, додека ГРК Охрид во драматичен меч го елиминира Еурофарм Пелистер 2 со 14-13, благодарение на погодокот на Илија Трајчески по истекот на времето од слободен удар.

Во натпреварот за третото место, Мулти Есенс славеше против Еурофарм Пелистер 2 со 26-22.

За најкорисен играч (МВП) на завршниот турнир беше прогласен Петар Митев од Алкалоид, додека признанието за најдобар голман му припадна на Мартин Пандиловски. Најдобар стрелец на турнирот беше Даниел Христовски од Еурофарм Пелистер 2 со вкупно 15 постигнати гола на двата натпревари.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!