Втора лигаФудбал

Брегалница го започнува славјето за Прва лига – Капсаров со хет-трик, Скопје и Шкендија Арачиново убедливи

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели



Брегалница го започнува славјето за влез во Првата македонска фудбалска лига, откако денес славеше во Кочани со 0:3 над Осогово и веќе станува јасно оти „сините“ следната сезона ќе играат во Прва лига.

Костадин Капсаров со хет-трик обезбеди три бода за неговиот тим, а фудбалерот од Гевгелија уште еднаш потврди дека игра во перфектна форма, а денес стигна до 13 постигнати погодоци во ВМФЛ.

Во последното коло Брегалница само формално ќе треба да ја добие Победа на домашен терен, меч кој ќе биде тренинг за „сините“ на Влатко Костов, а потоа ќе биде подигнат шампионскиот пехар.

Беласица со голот на Александар Милушев ја доби Каменица Саса на домашен терен со минимални 1:0.

Охрид славеше со 0:2 над Детонит Плачковица во Радовиш преку двојниот стрелец Абдулхади Јахја – популарниот Шкор.

Тетекс однесе триумф од 1:4 над Кожуф во Гевгелија, меч кој беше загревање за двете екипи кои ќе играат бараж за опстанок.

За домашниот тим единствен стрелец беше Давид Љушев, а пак Бојан Ивчевски си постигна автогол, за „штофарите“ стрелци беа Мартин Јованоски, Лука Атанасовски и Азис Јамини.

Скопје со убедливи 1:6 славеше над Големо Коњари во меч каде се беше јасно – трите бодови лесно заминаа во Автокоманда. За домаќинот тоа беше последен меч како второлигаш пред домашната публика.



Андреј Стојановски беше двоен стрелец за Скопје, а по еден гол постигнаа Горјан Цветков, Виктор Ангелов, Васко Папалиски и Јорго Папули. За домаќинот единствен стрелец беше Ѓорѓи Стрезовски.

Шкендија Арачиново преку пресврт со 5:1 го доби Новаци на домашен терен. Гостинот преку автоголот на Енис Дервиши поведе со 0:1, а потоа домаќинот преку двојните стрелци Зани Назифи и Фикрет Љиварека, како и голот на Дарио Десниќ стигна до висок триумф.



Голеадеа од осум гола во Прилеп – Победа беше декласирана од Вардар Неготино со 3:5. За домашниот тим Арсениј Солевски беше двоен стрелец, а пак Раде Рајчиновски од гостите си постигна автогол.

За тимот од Неготино двојни стрелци беа Мартин Младеновиќ и Константино Алекс Горгиовски, а пак еден гол постигна Оливер Тодоров.

Слога Виница со 3:2 славеше над Преспа на домашен терен и со победа се одјави пред својата публика како второлигаш. Матеј Фидановски беше двоен стрелец, а еден гол е дело на Давид Спасов.

За гостите од Ресен стрелаа Амир Фејзулаи и Еламз Емуш.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!